Sign in:

  • Macedonian
  • English
  • Russian
  • Albanian
  • Albanian
  • Albanian
►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел

Истанбул Нова Година 2019


   

        НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ 

              Термин:29.12.2018-01.01.2019

                  4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила, град кој фасцинира. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие-улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 

 

1ден 29.12.2018 (Сабота)

Состанок на групата на аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетување со TurkishAirlines во 08:55 со бр. на лет TK1004. Слетување во Истанбул во 12:25 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.Факултативна посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4Dкино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...)Враќање во хотел. Ноќевање.

2ден30.12.2018(Недела) 

Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство, Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич.  Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир.ФАКУЛТАТИВНО – Предновогодишна забава вонационален ресторан: со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден 31.12.2018 (Понеделник)     
Појадок. По појадокот, Факултативно-панорамски разглед на градот со стручен водич: Лалели Џамија, Јени Џамија, Бејазит Кула, Златен Рог, Валенсов Аквадукт, Таксим, Сулејманија, Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј. Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите инајголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден  01.01.2019 (Вторник)     
Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис или предлог: шопинг во познатиот трговски центар Форум со можност за индивидуална посета на Аквариумот. Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 17:00. Полетување за Скопје во 20:15 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:45.

 

                                ЦЕНА 179

                Напомена:Краен рок за пријавување 15.12.2018

 

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

     Авио билет:Скопје-Истанбул-Скопје

Организиран трансфер:аеродром-хотел-аеродром

3 ноќевања со појадок во хотел 3*

Организација и пратител на патувањето

Во цената не  се вклучени следниве услуги:
Аеродромски такси 102 еур

Целодневен разглед на градот со локален водич и превоз (15 евра)

Предновогодишна забава во национален ресторан со ориентална програма

Крстарење по Босфор (20 еур со превоз и водич)

Посета на Палатата Долма Бахче (30 еур со вклучена влезница, превоз и водич)                               Посета на највисоката зграда во Европа Сафир Сеир терасата 10 еур                                                           Влезница за Сеир терасата и 4 Д кино                     Влезници за посета на локалитетите со водич: Аја Софија (15 еур) и Топ Капи (15 еур)                           Патничко и здравствено одигурување

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

Тимот на КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ !

 





Услови и начин на плаќањеУслови на патување
Испечати понуда

КЛИКНИ ЗА ЛОКАЦИЈА