Протокол за влез во Грција - PLF

Известување за сите патници кој сакаат да патуваат во Грција 

Сите патници кои од први јули годинава ќе одат во Грција мораат да имаат пополнета електронска пријава најмалку 48 часа пред влезот во земјата по што на мејл ќе добијат QR код што треба да го покажат при влез во земјата.

Врз основа на скениран QR код, здравствен тим ќе одлучи дали ќе се направи тестирање на патниците или без дополнително задржување ќе продолжат со пат

Во протоколот се нагласува дека сите патници мора да се придржуваат кон сите неопходни мерки за превентивна хигиена (употреба на маски и физичко растојание).

Ако луѓето што пристигнуваат во Грција планираат да застанат на неколку места во земјата, тие мора да го пријават тоа, заедно со нивната оригинална дестинација и маршута.

Внесувањето на податоците и добивањето на QR кодот се прават на следната страна https://travel.gov.gr/#/form

  • Внесувате дали патувате со авион / автомобил / воз 
  • Име презиме 
  • На кој граничен премин ќе влезете во Грција 
  • доколку патувате со автомобил потребно е број на таблици
  • Датум на влегување во Грција 
  • Адреса на престојување во Грција 
  • Телефонски број по можност и домашен 
  • Број на пасош 
  • Возраст
  • Email 

Pin It on Pinterest