Авионски карти

За нас

Регистрирани сме во времето на Југославија 1989 година, каде што потоа се регистрираме како едни од првите туристички агенции во Македонија.

 

Во Камелија Турс, имаме една главна цел: да го направите Вашето патување едно доживотно искуство кое долго ќе го паметите, а притоа без да го надминете Вашиот буџет. Ние знаеме што е од суштинско значење за едно патување да биде совршено, затоа се обидовме сите суштински елементи кој се битни за едно патување да бидат во склоп на секоја програма , почнувајќи од Европските метрополи како што се Милано,Рим, Виена,Чешка,Будимпешта, Амстердам, Берлин, Барселона, Париз, Осло, Стокхлом, Истанбул и многу други. Ве водиме на Грчките острови и краци, летуваме во Турција, Шпанија. Италија. Албанија, Бугарија. За они кој што повеќе ја преферираат зиматата од топлото море ги носиме на Австриските алпи како и Копаоник, Златибор, Банско. Но имаме спремено и програми за љубителите на далечните дестинации започнувајќи од Азија ,Африка, Јужна Америка, Средна Америка и Карибите како и  Северна Америка. Со нашите фасцинантни дестинации , квалитетот, искуство во својата работа, професионалност, сместувањето и нашите водичи на Вас Ви нудиме целосно уживање,  задоволство и спомени од заедничките патувања кој што вечно ќе ги паметите.

Pin It on Pinterest