Рестриктивни мерки во Турција

Новите мерки ќе стапат на сила почнувајќи од 20.00 часот во петок, 20.11.2020.

  • Трговските центри, шопинг центрите, маркетите, фризерите и салоните за убавина ќе бидат отворени од 10:00 до 20:00 часот.
  • Угостителските објекти како ресторани, кафиќи, слаткарници, кафетерии ќе може само да подготвуваат храна за носење или за подигнување во периодот од 10:00 до 20:00 часот. Рестораните или сервисите за онлајн нарачки на храна може да доставуваат храна после 20:00 часот за нарачки примени по телефон или онлајн. Санитарната инспекција може да назначи посебни ресторани, лоцирани на меѓуградски патишта, или во деловите назначени за одмарање на овие патишта, како исклучок од овие рестрикции, под услов да се надвор од урбана средина.
  • Кино – салите ќе бидат затворени до 31.12.2020. Кафетериите, интернет кафињата, игротеките, клубовите, салоните за билијард, чајџилниците и салите за мал фудбал ќе бидат затворени на неопределно време. Салоните / баровите за наргиле ќе бидат затворени, исто како и досега.
  • Низ целата Турција, граѓаните над 65 год. може да се движат надвор во периодот од 10:00-13:00 часот. Граѓаните под 20 год. (родени по 01.01.2001) може да се движат во периодот од 13:00-16:00 часот. Исклучок од ова правило се вработените лица (потребна е потврда дека се вработени).
  • Низ територијата на целата земја ќе има полициски час за време на викенди во периодот од 20:00-10:00 часот, сѐ додека не се донесе друга одлука.

Операциите за производство и набавка се исклучок од овие рестрикции.

Како прв чекор, спроведувањето на полицискиот час ќе стапи на сила од 20:00 часот во сабота на 21.11.2020 до 10:00 часот во недела 22.11.2020, и од 20:00 часот во недела 22.11.2020 до 05:00 часот во понеделник 23.11.2020.

Во наредните викенди спроведувањето на полицискиот час ќе биде како што е наведено погоре.

Следните бизниси и институции ќе бидат отворени со цел намалување на негативните последици во секојдневниот живот од полицискиот час:

  • Бизнисите кои произведуваат, превезуваат и продаваат лекови, медицинска опрема, медицински маски и дезифициенси;
  • Јавни и приватни здравствени институции, аптеки, ветеринарни клиники и болници за животни;
  • Јавни и приватни институции и бизниси потребни за основните јавни сервиси (аеродроми, пристаништа, меѓународни гранични премини, царини, патишта, домови за стари лица, центри за рехабилитација, итни служби, пошти, центри за имиграција, и сл.);
  • Големи погони и бизниси активни во индустријата за стратешко снабдување со енергија (електрична енергија, нафта и природен гас), како на пр. рафинерии, дестилерии, топлани и централи за природен гас и сл.;
  • Фирми кои што раководат со домашен и меѓународен превоз (вклучувајќи увоз, извоз, транзит);
  • Хотели и други сместувачки капацитети;
  • Градежни фирми вклучени во градење итни капацитети и снабдување итна опрема во здравствениот сектор;
  • Центри за згрижување животни и животински фарми;
  • Работилници за производство;
  • Весници, радио и ТВ бизниси, печатење весници и дистрибутери на весници;
  • Општините ќе назначат по една бензинска станица на 50 илјади жители да биде отворена; исто така, ќе има назначено по една бензинска станица на секои 50 км на меѓуградските патишта и на автопатите (избирањето на бензинските станици кои што ќе бидат отворени ќе се врши по пат на лотарија)
  • Маркетите на големо.

Исклучок од овие рестрикции се:

  • Лица кои што управуваат или работат во институциите наведени погоре;
  • Лица задолжени за управување и спроведување на јавниот ред и мир (вклучувајќи ги и вработените во приватно обезбедување);
  • Лицата кои што полагаат и ги набљудуваат испитите организирани од Централниот орган за испити;
  • Лица од погребални служби и лица тесно поврзани со починатиот;
  • Лица кои овозможуваат континуирано и непречено снабдување со услуги како што се електрична енергија, вода, природен гас и телекомуникации;
  • Лица вклучени во домашен и меѓународен превоз и логистика (вклучувајќи и карго) на разни производи и опрема;
  • Лица кои работат во социјална заштита, како домови за возрасни лица, лица со посебни потреби, домови за деца, градинки и сл.
  • Лица кои што работат во производствени погони;
  • Лица кои се грижат за пасни животни и фарми, вклучувајќи и одгледувачи на пчели;
  • Технички служби и мајстори кои што имаат потврда дека работат на повик;
  • Лица кои што ги чуваат објектите за работа по завршување на работно време;
  • Лица кои што патуваат и лица кои што обезбедуваат меѓуградски превоз со јавен превоз (потребна е карта и / или резервација со датум и време)
  • Општински работници вклучени во јавен превоз, чистење и собирање ѓубре, комунални работи, пожарникари и гробарски служби за време на викенди

Pin It on Pinterest